Проекти за развој на туризмот како главна и стратешка цел со кои ќе се зголемат бројот на туристи преку градење нови модели и форми на туризам, брендирање на производи и привлекување на брендирани имиња, зајакнување на кадарот  кој работи во секторот  и промоција на Охрид како безбедна и атрактивна дестинација, најави денес од кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков.

Гарантираме Унифициран изглед на  угостителските објекти на плоштадот поради подобра визуелизација на местото, спортски туризам на база на подготовки во Охрид како и организирање летни училишни кампови, создавање услови за подготовка на спортски клубови во истите и одржување на спортски манифестации. Интензивен развој на рурален туризам преку кој ќе се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини, со цел спречување на миграцијата на млади луѓе преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачје, истакна Пецаков.

Пецаков најави и туризам 365 дена во градот и поддршка за сместувачки капацитети со ослободување од уплата на туристичка такса за периодот надвор од сезона, исплата на дел од сметките за вода и струја или субвенции за сместувачки капацитети кои ќе носат гости пред и по туристичката сезона.

 

Мапирање, прогласување и промовирање на еколошки заштитени зони Галичица, Косел, Студенчишко Блато и други со цел промоција на еко-туризмот во Охрид, формирање на охридски туристички речник во кој по азбучен редослед ќе бидат опфатени сите туристички вредости на градот со цел на едно место да се опфати севкупната туристичка понуда на Охрид. Ревитализација на Студенчишкото Блато и воспоставување поврзаност помеѓу Блатото и Охридското Езеро преку канали со што ќе се зачувува целокупниот езерски екосистем и влез на Општина Охрид во биосферен резерват, најави Пецаков.

Гарантирано инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации најави кандидатот за советник од ВМРО – ДПМНЕ Сашо Донев.

Во насока на спортскиот развој и напредок за Охрид гарантираме изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти, во Видобишта и на уште две локации, изградба на спортски терени ( 4 терени за баскет, 4 терени за тенис, од кои еден покриен терен, возобновување на спортови на вода (кајакарство, веслање, едриличарство) и обезбедување соодветни простории, изградба на стартна платформа за полетна база и слет на база за екстремни спортови со лесни летала, истакна Донев

Како дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за развој на спортот е и изградба и реконструкција на спортски сали, фудбалски и тениски игралишта како и  организирање и субвенционирање спортски настани и поддршка на спортските таленти.

 

К.А.