Во реакцијата на ОК ВРМО-ДПМНЕ по повод денешната прес-конференција на градските советници од опозицијата, стои дека мостот на желбите е дивоградба и изграден без проект, односно дека нема технички прием пред да се даде во фунција.

„Ги прашуваме господата од СДСМ  и нивните коалициони партнери -истомисленици  кога станува збор за  подржување  на нелегални проекти,  дали тие ќе ја преземат одговорноста доколку се случи несреќа на мостот? Дали тие ќе застанат во одбрана на дивоградбата доколку жител на Охрид или турист биде повреден од честите одрони кои од карпите паѓаат на мостот.“ – стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Оттаму велат дека опозицијата треба да го поздрават законкиот проект со кој се предвидува изградба на пешачка патека.

„Ја повикуваме  oпштина Охрид   во погоден  тајминг да ги преземе сите законски мерки, со кои ќе се стави крај на оваа дивоградба која е опасна по живот за минувачите и да продолжи  со реализација на проектот за изградба  пешачка патека со која ќе  се поврзуваат градското пристаништето со населбата Канео која  потоа ќе води и кон Лабино.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.   

OhridNews