Филипче сам ветуваше дека до крајот на август ќе има 16 монтажни болници кои ќе помогнат во справување со КОВИД-19. Но на Филипче и Заев помили им беа тендерите отколку заштита на здравјето на граѓаните, обвинува ВМРО ДПМНЕ.

Здравствениот систем поради неспособноста на Заев и Филипче е колабиран. Денес здравствениот систем се соочува со недостиг на заштитна опрема, недостаток на место, имаме исцрпени медицински лица, а граѓани умираат на пат до болница или во ходници. Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство. –  велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според опозициската партија, проблемот на македонското здравство е министерот Филипче, кој треба да си замине од функцијата.

OhridNews