ОК на ВМРО ДПМНЕ преку соопштение за јавност денеска остро реагира на текот на продолжението на шестата седница на Советот, која заврши без присуство на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Оваа партија смета дека мнозинството извршило злоупотреба на Советот и ги прекршило принципите на работа. Во соопштението се вели:

„Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид и нешто пократко време по чинот на узурпирањето на волјата на граѓаните од страна на СДСМ , видовме дека преку  узурпација составеното мнозинство во Советот, всушност Охрид стана заложник  на личните и теснопартиските интереси на СДСМ и Народната.

Вчера јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на Советот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси не водејќи притоа никаква сметка за интересите на граѓаните на Охрид. Видовме како се носат па потоа преправаат одлуки на самото мнозинство , видовме како под притисок се менува гласањето и како зад кулисно се  кројат интересите.

Видовме зошто всушност ова мнозинство е воопшто заедно, видовме  дека е составено за да ги легализира сите неправилности продуцирани од СДСМ и Градоначалникот, и сето тоа на штета на граѓаните на Охрид, а на нивна лична корист.

А воедно и видовме дека во овие 5 месеци од страна на мнозинството освен вакви манипулации не е продуцирана ниту една идеја, ниту една иницијатива. Сето тоа не носи до заклучок дека Охрид е жртва на теснопартиски и лични интереси. Прашуваме колкава е цената на пазарењето при вчерашните прекини , притисоци колкава е цената на промена на гласањето?

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги премолчи овие сметки и пресметки на мнозинството. Очигледно дека ниту сакаат ниту знаат како да се води градот“, стои во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

Ohridnews