Денешната прес конференција на советничката група од СДСМ во врска со реконструкцијата на малото пристаниште од советничкат агрупа на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата ја коментираат како обичен политички маркетинг и евтин обид за додворување до граѓаните на Охрид, како и обид за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста.

Веројатно од СДСМ- Охрид и од советничката група се збунети од големиот број на проекти  кои истовремено се одвиваат во Охрид и притоа измешале дека реализацијата на овој проект ќе биде финализирање на проектот  за изградба на мала марина на Охридското Езеро. За да не бидат збунети ги известуваме дека се работи за две различни активности и дека покрај овој комплекс, Охрид ќе добие и нова голема марина. Знаеме дека за нив не е својствено, но сепак кога веќе ги измешале поимите очекуваме да ја пофалат локалната самоуправа дека конечно после 40 години се нашло решение на овој проблем. Нејасно е каде беа овие луѓе во  сите изминати години години  за да се погрижат за изградба на малото пристаниште а да не заборавиме дека 10-ина години беа локална власт во нашиов град, години кога малото пристаниште најмногу се оштетуваше и од година во година стануваше се погрда слика за Охрид, рече на прес конференција координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Илија Арнаудоски.

Тој запраша зошто СДСМ- Охрид не презел ниту една активност за уредување на овој простор кој во моментов не исполнува еколошки ниту каков и да е друг стандард , односно е опасен за безбедноста на сите луѓе кои се наоѓаат во негова близина.

Со реализацијата на проектот Охрид ќе ја зголеми и збогати туристичката понуда и ова место ќе биде дел од градов  кој задолжително ќе треба да се  посети . Две години посветено работиме на реализацијата на овој проект вршејќи анализи и пресметки околу целоисходноста на овој проект . Сите проекти беа содржани во физибилити студијата изработена од реномирана консултантска куќа која за жал советниците на СДСМ не најдоа време да ја прочитаат. Ние сме решени да правиме коренити промени во Охрид, да ја збогатуваме туристичката понуда во градот затоа што нашите мерки даваат резултати. Како никогаш до сега Охрид е полн со гости и по истекот на официјалната туристичка сезона и ние со несмален интензитет  ќе продолжиме да креираме туристичка понуда која во градот ќе обезбеди нови можности, а со тоа ќе допринесе поголем број туристи да го посетат Охрид, рече Арнаудоски.

Тој додаде дека мешањето на бизнис интереси со интересите за развој на градот е својствено за едно друго време кога СДСМ владеел со Охрид, нешто што никогаш повеќе нема да се повтори.

OhridNews