Поголем број високи владини функционери, пратеници и други политички функционери на владејачката ВМРО ДПМНЕ денеска ги посетија  охридските  села Велгошти, Долно и Горно Лакочереј и Куратица, каде се сретнаа и раговараа со граѓаните.

„Веќе извесно време високи функционери, пратеници и други членови на ВМРО ДПМНЕ ги  посетуваат поголемите населени места во Македонија. Целта ни е да посетиме околу 250 поголеми села во Р. Македонија и да поразговараме за проблемите кои  што ги мачат луѓето“ ни изјави пратеникот Александар Николоски кој беше дел од партиската делегација што го посети охридско. На овој начин даваме отчет пред граѓаните за сработеното во оваа година и половина како Влада и Парламент, но и да ги прашаме луѓето како живеат и што треба да работиме во наредниот период, додаде Николоски. Тој напомена дека ниту една власт досега не се охрабрила да прави вакви средби, а ВМРО ДПМНЕ како што рече има сила енергија и доблест да се среќава со граѓаните и отворено да разговара за нивните проблеми..

Тој демантираше дека засилената партиска активност е во функција на предвремени парламентарни избори. „Во моментов не размислуваме за предвремени избори туку размислуваме за реализација на програмата и пред се за зачленување во НАТО и ЕУ“, рече Николоски.

ohridnews