СДСМ и Заев катастрофално се справуваат со пандемијата во државата. Бројот на новозаразени од Ковид-19 секојдневно зголемува. Додека сите земји во регионот излегуваат од кризата, Република Македонија за последните недела дена има 368 ново заразени и 25 починати, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Бројката станува се поаларамантна, а на СДСМ и Заев не им е гајле за тоа. Тоа само докажува дека не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам сакаат избори и тераат кампања. Кампања каде бројката на излезеност ќе биде многу помала, а со тоа мислат дека ќе го ублажат поразот.

Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата. Нема никаква нова мерка или некој нов протокол што е уште еден доказ дека се тотално изгубени во целата ситуација. – стои во соопштението за јавност што партијата го  лиферува денеска.

ВМРО ДПМНЕ ја обвинува Комисијата за заразни болести, дека наместо да предложи мерки кои ќе бидат за заштита на здравјето на граѓаните,  спроведува мерки по диктат на Заев. Според партијата, овие три години откако се СДСМ е на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не виделе ништо друго.

OhridNews