„ВМРО ДПМНЕ својата активност ја базира на директен однос со сограѓаните. И кога е добро и кога има проблеми. Тоа е начинот на работење на партијата и така ќе биде и понатаму . Не ни е битно седењето во клупите и арогантно користење на говорницата туку разговор со сограѓаните и барање на решенија . Затоа и вчера како советничка група излеговме да бидеме со нив токму заради фактот дека тој што е најодговорен за состојбата со поплавувањето и што се нарекува градоначалник не сакаше да им излезе во пресрет , ниту да им се јави , туку знаеше само да ги обвини своите сограѓани и нормално како и секогаш погрешно , да ја обвини централната власт.
Она што ВМРО ДПМНЕ го презеде е однос за решавање на проблемите а не е маркетинг. Маркетинг е кога си седите во удобните клупи , не решавате ништо, ги мразите сите и себеси а за се што се случува во општината во која управувате друг ви е виновен . Не помагаат ни соопштенија на смешни политички поддржувачи на пропаѓањето на Охрид , на партии полни со арогантни креатури кои освен продавање политички памфлети во животот ништо не сториле за својот град , не помагаат ни соопштенија полни со лаги и измислици , колку да се покрие сопственото нереагирање и незнаење. Наместо да одговорат зошто не реагирале , својот бес и немоќ поради нереагирањето си го истурија себеси во фрустрирани соопштенија во која барем опишаа дека ВМРО ДПМНЕ се погрижи за сопствените сограѓани .
Но ,им порачуваме да не се занимаваат со начинот на функционирање на ВМРО ДПМНЕ тука да се занимаваат со нивното катастрофално водење на градот. Охрид не заслужува таков градоначалник , ниту мнозинство составено од интереси , кого наместо решавање на проблемите на сограѓаните го интересираат само комуналии ,лични бизниси и пишување на политички памфлети како покритие за неодговорноста .
ВМРО ДПМНЕ и советничката група реагираше за да ја сензибилизира јавноста за проблемот а не тој да остане скриен како ништо да не се случило што им беше цел на локалните власти . И излезе на терен , не за да се сретне со граѓаните туку веднаш да обезбеди присуство на владините преставници кои по утврдување на штетата ќе ги обештетат нашите сограѓани. И тоа го обезбедивме и горди сме на тоа . Но ,таква активност е непозната за најодговорниот за овие случување , тнр. локалната самоуправа која со лоши хидротехнички решенија го предизвика проблемот. Ако беше тоа ингеренција на централната власт како што сакаат да лажат тогаш кој и зошто го поставуваше цевководот на средина природен водотек , со која цел , на како начин изведен и за кого ? Им порачуваме да престанат да лажат, иако јасно само тоа знаат , туку да направат нешто за Охрид“. – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.