Некој сее лаги за вработувањата во МЈП „Проаква“ бидејќи фактите говорат спротивно од изнесените ставови на СДСМ во јавноста за посочениот случај. Ова беше истакнато на прес конференцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ, што се одржа денеска.
Според оваа партија нејасно е како 46 лица биле вработени во Проаква ако конкурсот за вработување според тврдењата на директорот на претпријатието и СДСМ бил поништен. За ВМРО ДПМНЕ исто така е нејасно зошто „Проаква“ сака да врши нови вработувања“ во ситуација кога јавното претпријатие се соочува со превработеност, а вработените повеќе месеци не зеле плата.
од пресот на ОК ВМРО ДПМНЕ
За ВМРО ДПМНЕ како што беше изнесено на денешниот прес лицемерно е барањето на СДСМ за утврдување на минимална плата од 8100 денари од партија која пред неколку години одбила предлог минималната плата да изнесува 6000 денари.Според ВМРО ДПМНЕ неточни се тврдењата дека 90% од лицата кои треба да се вработат во „Проаква“ се членови на оваа партија и како илустрација презентираше список со 14 лица во блиска врска со истакнати членови на опозицијата кои наводно биле вработени во Охрид.
„Дали е доблесно да се каже дека вработените за кои се тврди дека ќе се примат на работа со години оделе на работа без решен статус, дали е доблесно да се бара минимална плата од 8100 денари а претходно се одбива предлог таа да изнесува 6000 денари, дали е доблесно на поништен конкурс да се примат на работа 46 лица и дали е доблесно лица со кривични пријави да бидат на листата на кандидати за пратеници или координатори на 5-та ИЕ?“, запраша претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Владо Стефаноски.
Стефаноски посочи дека не е извршена поделба на МЈП Проаква, УО на претпријатието е нелегитимен, а со вработувањето на 46-те работници во Струга било направено кривично дело.
ohridnews