СДСМ поднесува неосновани пријави, надевајќи се дека со тие пријави ќе може да се пазари и да го спасува Зоран Заев од судските постапки против него, реагираат од владејачката партија по поднесувањето на 21 кривична пријава од опозицијата.
„За Зоран Заев очигледно дека постојат несоборливи докази коишто го потврдуваат неговото однесување, во еден правец за неговиот обид за дестабилизација на државата, рушење на институциите, закани, користење на креирани материјали од странски центри, а во друг правец за негово учество во криминално-финансиски случаи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, денешната изјава на Радмила Шекеринска и кривичните пријави се провиден обид за пазарење и дефокусирање на јавноста од суштинските прашања, а тоа е обидот на СДСМ заради гола борба за власт да испорача услуга кон странски центри кои не и мислат добро на Македонија.
„Повторуваме, пазарење со правдата и вистината нема и не може да има“, додаваат од владејачката партија.
OhridNews