Меѓу другото, во реакцијата го прашуваат Петрески каде се 40 милиони евра на граѓаните на Охрид со кој го раководи шест години, колку станови има во зградите за кои дава локации и за колку е зголемено неговото лично богатство во последните шест години, како и дали Петрески стои зад купувањето на хотел Чинго.
Од ВМРО- ДПМНЕ го прашуваат Јованоски како во услови на економска криза се купуваат 3 огромни џипови во вредност од околу 300.000 евра.
– Како и за криминалната приватизација така и за сето ова е виновен токму СДСМ и Бранко Црвенкоски . Точно е дека времето на лаги и манипулации поминува . Следи одговорноста, стои во реакцијата на ОК на ВМРО- ДПМНЕ .