Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ бара одговор од градоначалникот Александар Петрески колкави се долговите на општината и дали и како тие се подмирени. Во соопштението ОК ВМРО ДПМНЕ прашува:

–    Колку тоа долгови се вратени , ако воопшто се вратени , на кој начин и која е цената која Охрид допрва треба да ја плати од тоа ?
–    Колку изнесува новодоспеаниот долг на општината направен токму од актуелниот Градоначалник  и колку е вкупниот долг на општина Охрид во моментов?
–    Каде се потрошени 4 и пол општински буџети т.е над 30 милиони евра општински пари во манадатот на актуелниот Градоначалник ? Тоа ли е цената на неколку тротоари и улички низ градот ?  
–    Каде се капиталните добра, жичара, фонтани , автобуска , конгресен центар, колектор Пештани и други ?
–    Во што се состои толку силно вештачки прокламираното успешно водење на градот ? Во трагикомичните изјави , во кадровската политика , во Духот на Охрид или во нечие лично богатење?
–    До кога Охрид ќе биде жртва на нечии лични интереси ? До кога лажната политика на преставување на жртва ќе биде иднина за Охрид?

„Претпоставуваме дека локалната не е виновна за одложувањето на датумот за преговори на Република Македонија , како што цинично кажуваат, иако се би продале за СРМ , но убедени сме дека токму локалната е единственио виновна за пропаѓањето на Охрид“- се наведува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.

Ohridnews