„Дури и на партискиот прес на СДСМ останаа неодговорени клучните прашања кои се поставени : Кој ќе заработи од проектот комплекс Летница , колкава е заработката на СДСМ и олигархијата , на Бранко Црвенкоски и Петрески од овој проект и зошто градоначалникот Петрески не направи ништо за да го спречи овој проект иако имаше 5 години да го стори тоа? Го повикуваме Петрески и СДСМ да престанат да ги кријат своите неуспеси и полулегални активности зад напад на ВМРО-ДПМНЕ, Владата или било кој претходни или сегашни раководства. Петта година имаат Градоначалник на Охрид и тој ја сноси одговорноста.
ВМРО ДПМНЕ за грешките кои ги направила во своето дејствување ја доби пораката од граѓаните во 2002 година . ВМРО ДПМНЕ ја препозна пораката и веднаш потоа комплетно се реформира во 2003 година и донесе нов дух , ново раководство, нови идеи и нови стандарди во македонската политика кои се базираат на принципиелност ,отчетност и морал, за разлика од СДСМ која и по 3 изборни порази , до ден денес не успеа да се реформира и ги врати Бранко Црвенкоски и од нив создадената олигархија.
Воедно го упатуваме локалното раководство на СДСМ да го запраша својот шеф Бранко Црвенкоски како и на кој начин групацијата „МI-6“ која во моментов е сопственик на комплексот Летница, по смешна цена ја приватизираше Скопска пивара во деведесеттите години во времето кога СДСМ ја имаше апсолутната власт а Бранко Црвенкоски беше премиер и колку заработи таа групација од таквата приватизација.“ – стои меѓу другото во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.