Коалицијата СДСМ-ДУИ не е за напредок на државата, туку за продолжување на лагите, криминалот и корупцијата, изјави денеска на прес конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата СДСМ-ДУИ е за продолжување на матните тендери, распродажба на државните интереси за сметка на личното богатење. Македонија нема да види преродба туку стагнација, проблеми и продлабочување на поделбите. Се што ветуваа пред изборите сега не важи. Заев за ДУИ сметаше и изјавуваше дека пет пари не вреди, дека време им е за опозиција, дека во Мала Речица било седиштето на криминалот. Потпретседателот на СДСМ Зекири сметаше дека ДУИ е канцерот во македонското општество. А од ДУИ сметаа дека СДСМ ги интересира само тендери и дека ја лажат македонската јавност. – рече Стојаноска.

Она што ги обединува коалицијата СДСМ ДУИ е криминалот, корупцијата и лагите, додаде Стојаноска.

Се што ветуваа пред изборите нема да биде исполнето. Уште сега јавноста треба да знае дека не чека уште поголема економска криза, затоа што една милијарда евра наместо за спас од Ковид кризата ја потрошија во изборен поткуп. Исто така европската иднина на државата ќе остане далечна, затоа што со криминал и корупција нема европска иднина. Правдата за оние кои се огрешиле спрема законот ќе остане недостижна и далечна, а ќе продолжат бизнисите и личните интересите. – истакна Стојаноска.

Запрашана за предлогот на Коалицијата СДСМ-ДУИ во односно на укинувањето на техничка влада, Стојаноска рече дека ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои.

OhridNews

ВМРО ДПМНЕ: Владата на СДСМ нема стратегија како да се справи со коронавирусот