Охрид е нападнат од урбанистичката мафија која е во спрега со локалната самоуправа и советниците кои треба да си поднесат оставки бидејќи не се во служба на граѓаните туку штитат други интереси.
Ова денеска го изјави претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ д-р Владо Стефановски, кој побара од градоначалникот да не се затскрива зад одлуките на советот и министерствата туку да ги преземе сите мерки согласно законот и да стави ред во сверата на урбанизамот.
Стефаноски денеска најави дека советниците од коалицијата За подобра Македонија на наредната седница ќе иницираат самораспуштање на Советот, а доколку предлогот не биде прифатен, тој не ја исклучи можноста и од организација на референдум за што е потребно да се соберат 10.000 потписи на граѓани.
Стефаноски денеска уште еднаш побара МВР да го испита случајот, а министерствата за транспорт и врски и за животна средина да и ги одземат надлежностите на општината.Стефановски ги повика и истражните органи да отворат постапка против сите инволвирани во случајот со легализација на спорната зграда на булеварот Туристичка.