Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денеска во Центарот за комуникации ќе одржи прес-конференција.
Темата на утрешниот прес е „ Стратегија за развој на туризмот “. Се очекува да говори портпаролката на партијата и раководител на Центарот за комуникации, Наташа Спасеска.
Охридскиот огранок на партијата во серија прес-конференции ја критикува локалната власт, а на една од последните средби со новинарите се говореше како Охрид неподготвен ги дочека и испрати туристите ова лето.
Засилената активност на партиите многумина ја топлкуваат како загревање за локалните избори кои регуларно треба да се одржат догодина.
Ohridnews