Ништо од договорот помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ПЕИ, за заеднички настап на претстојните локални избори во Струга. Најголемата владејачка партија ќе настапи самостојно на претстојните локални избори.

Процедурата за избор на кандидат за градоначалник е во тек, а во најтесен круг се адвокатот Славко Котески, д-р Момчило Аврамоски и поранешниот претседател на огранокот на ВМРО ДПМНЕ – Струга, Крсте Миладинов.

Одлуката деновиве ќе ја донесе највисокото партиско раководство, а јавноста во Струга очекува тој да биде единствен кандидат на македонците. Таквата идеја како што дознава Ohridnews ја подржуваат и голем број невладини организации кои побарале од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да се оди со еден кандидат на локалните избори.

ohridnews