Зоран Заев и СДСМ пред охриѓани ветуваа живот, а сега ветуваат иднина. Ниту охриѓани добија живот, ниту ќе дојде иднината. Кампањата „За европска Македонија“ е срамна и лажна исто колку таа „За живот“, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.
– Зоран Заев и Томислав Тунтев под превезот на референдумот ги искажаа лажните заложби за европски вредности преку празни фрази за промена на името. Зоран Заев ги повторува истите лаги секаде, а нема аргументи за губењето на институционалниот идентитет, македонската култура, историја и традиција.Зоран Заев во недостиг на аргументи за договорот со Грција бега од дебата за истиот, знаејќи дека нема како да ги одбрани продавањето на државните и националните интереси. Зборуваат за ЕУ и НАТО за да го скријат Договорот со кој Грција вечно ќе го блокира членството на Македонија во ЕУ. Лицемерно е 2 август 1944 и 8 септември 1991, но и дрско да се изедначуваат со 30 септември. Тие победоносни датуми сакат да ги поништат со Договорот. Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се’ што е македонско и затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив, се наведува во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ додаваат дека референдумот за промена на името на државата актуелната власт го користи за да се затскрие милионскиот грабеж кој моментално и се приредува на Република Македонија.
– Европа и Светот нема да ни донесат квалитетно образование, тоа треба да го сработи Владата на СДСМ. Европско образование не е учениците да немаат бесплатен превоз и да бидат без учебници на почетокот од учебната година. Европа не треба да овозможи Охрид да стане регионален центар тоа треба да го прави Владата на Заев заедно со градоначалникот Стојаноски. Во ЕУ не се оди со наместени тендери кои ги добиваат новоотворени фирми специјално за да го добијат тендерот. Во ЕУ не се оди ни со наместени грантови од Фондот за иновации кои ги добиваат партиски активисти и роднини на функционери од Владата на СДСМ. Во ЕУ не се оди со закани и уцени врз вработените во државните институции со заплашување дека се прислушкувани и следени. Во ЕУ се оди со работа и со принципи коишто Зоран Заев и неговата Влада не ги поседуваат, велат од ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews