Каков писмен договор направил Томислав Тунтев со Нефи Усеини за вработувања во општина Охрид и јавните претпријатија? – прашува опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Според партијата договорот со кој наводно се предвидува еднаква застапеност на работните места општина Охрид и Јавните претпријатија е кривично дело и тровија со гласовите на етничките заедници.
Цела јавност знае дека многу добро е дефинирано со Закон вработувањето на етничките заедници, а не со политики пазар. СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани. – велат од ВМРО ДПМНЕ.
ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид со критики и за мерката за укинување на квотите за лекови на рецепта во туристичките места која вчера јавно ја пофали секретарот на СДСМ – Охрид Васко Паскали.
Васко Паскали да одговори кои квоти ќе се укинат, ако во последниве месеци не може да се најде лек на рецепт до 5-ти во месецот? Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи, а целта е пред избори да освојат симпатии кај граѓаните. Требаше да поминат повеќе од две години за сега да се најави мерката којашто претставува чист популизам, бидејќи знаат дека се приближуваат предвремени избори. – смета ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews