Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ смета дека градоначалникот на Охрид не умее да се справи со состојбите во градот, особено со проблемите предизвикани од  зголемениот водостој на реките и езерото. Во писмената реакција оваа партија обвинува дека општината не е подготвена да се справи со проблемите:

– Каде се локалните тимови за заштита и спасување ако воопшто ги има ? Дали се на терен и каде се , ако воопшто се ? Колку луѓе се ангажирани и со каква опрема се опремени ? Очигледно е веќе дека овој градоначалник не знае да се справува со проблемите , дека не ги завршил постапките согласно своите ингеренции и дека заради тие факти треба да признае дека не го бива ама баш за ништо , освен за лаги , навреди и плач ,  и заради тоа под итно мора да си поднесе оставка и да побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.

Ohridnews.