Полемиката помеѓу коалицијата За подобра Македонија и Сојузот за иднината по денешните прес конференции продолжи со реакции и контра реакции на изнесените ставови. На забелешките од политичките ривали од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ излегоа со контра реакција:

„Наместо да се занимаваат и да ги навредуваат  личностите а со тоа и граѓаните на Охрид кои јавно го поддржуваат ВМРО ДПМНЕ и кандидатот Бакрачески , Петрески и неговите пишувачи на  соопштенија време е да одговорат :
Каде се потрошени околу 70 милиони евра од буџетот на Општина Охрид во овие 8 години ?  За што се создадени  над 30 милиони евра нов долг на Општината кога нема ниту едно капитално дело? Зошто администрацијата во Општината нема добено плата и каде се упатуваат средствата кои како приходи влегуваат во Општината? Каде се користени 14 милиони денари префрлени од Општината во Комуналец под назнака за јавна чистота ? Зошто на граѓаните сеуште им стигнуваат сметки за одржување на гробни места во висина  од 1200 денари ? 

Не манипулирајте ,одговорете ,а  пишувачите на соопштенијата на Сојузот треба само да се запрашаат себеси дали знаат воопшто кого и што поддржуваат?

Ако не знаат ,одговорот ќе им стигне на 24 Март кога граѓаните на Охрид ќе ги поразат политиките на Петрески и СДСМ.“-стои во најновата реакција на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.