Владејачката ВМРО ДПМНЕ и натаму тактизира со објавувањето на името на кандидатот за градоначалник на Охрид. Како што неофицијално  дознаваме,  Централниот комитет на партијата на состанокот одржан синоќа донел одлука списокот на можните кандити за градоначалник на Охрид да се прошири, поради што за неколку дена би бил продолжен и рокот за објавување на кандидатот кој ќе ја трча трката за градоначалник во Охрид.

Како најсериозни кандидати за иден градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ до сега се споменуваа имињата на пратениците Анита Кипаризова-Крстеска, Цветко Грозданов и Владо Стефановски. Со кои имиња ќе се прошири овој список не се соопштува, освен тоа дека целата постапка треба да биде готова најдоцна до средината на идната недела.

ohridnews