„Г-не Петрески граѓаните чекаат одговор дали пумпната станица во Канео сеуште не функционира и зошто дозволувате фекалиите од Стариот град и Канео да се влеваат во езерото со месеци? Зошто сеуште не е поврзан колекторскиот системот во Пештани? Зошто не превземете ништо за санирање на за алармантната состојба со објектите во Проаква и покрај јавните предупредувања на дирекотрот, со што се загрозува снабдувањето со вода на граѓаните? Се работи ли за скриени интереси?
Кога ќе преземете нешто за градот да се спаси од срамот со новата ѓоа-автобуска станица? Што се чека? Се работи ли за скриени интереси?
Зошто дозволите таков хаос во градот со тезги и столови, со ѓубре и бучава, со неред виден само на панаѓури од минатите времиња? Зошто и она малку зеленило безмилосно го уништуваат секакви „бизниси“?Зошто не го одржавте ветувањето дека ќе се воведе ред во приватното сместување? Се работи ли за лични интереси и колкави се тие?
Зошто не ги почитувате наодите на Државниот ревизор за незаконски издадените паркиралишта? Како можевте противзаконски да дозволите цела улица, со такси станица, да се затвори со рампи и барикади и да се претвори во приватно паркиралиште? Зошто дозволивте да се заграбуваат делови од улици за „свои“ паркиралишта? Се работи ли за лични интереси и колкави се тие?
Каде се трите паркирни кули што ги ветивте: кај Горна порта, кај пазарот и кај спортскиот центар?
Штом толку се грижите за граѓаните, зошто не поставивте барем едно биро и две столчиња во холот на општинската зграда за да не пишуваме на колено, туку ставате се повеќе огради, препреки, а администрација-колку сакаш!?
Господине Градоначалник, нека не Ве зачудува тоа што и во иднина ќе Ви бидат поставувани прашања во интерес на граѓаните а Ваша должност е да дадете одговори. Граѓаните чекаат одговори“, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.