Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја бојкотира 15 седница на Советот што се одржува денеска, поради, како што соопшти партијата, навредите изнесени во неколку текстови објавени на официјалната веб страна на Општина Охрид.

– Официјалната веб страна на општината е злоупотребена во политички цели и за изнесување партиски ставови, истакна советникот Дејан Паноски, во образложението на одлуката за бојкот на денешната седница. ВМРО ДПМНЕ побара повлекување на спорните текстови и извинување од локалната самоуправа.

Општина Охрид нема да ги повлече текстовите затоа шпто смета дека во нив нема изнесено политички ставови, туку дека тие се одговор на провокациите и навредите упатени кон градоначалникот и општинската администрација во реакциите на ВМРО ДПМНЕ околу актуелните состојби со поплавите во охридско.

– Легитимно право е на советниците да ја бојкотираат работата на Советот иако ниту тие ниту советот не се спомнати во посочените текстови, рече Никола Маневски, портпарол на општината.

Е.Е./Г.М.