Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид како дел од програмата од кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков.

Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Определбата за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта е за децата да добијат простор каде што ќе може да уживаат во безгрижно детство, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Од таа причина, во село Велгошти до спортската сала, и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се планира изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви ќе бидат поставени и на уште на две локации, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

OhridNews