ВМРО ДПМНЕ изборната програма за настап на претстојните локални избори во Охрид ќе ја подготвува заедно со граѓаните, велат од владејачката партија.

Програмата за општина Охрид ќе биде изградена врз база на принципите за работа на ВМРО-ДПМНЕ со многу прецизни и конкретни проекти, со конкретни рокови за нивна реализација, средства и динамика за нивна реализација, информираат од партијата.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека програмата за општина Охрид ќе биде одраз на суштинските барања на охриѓани. Партијата притоа ги повикува граѓаните да ги достават своите идеи, сугестии, предлози за проекти кои тангираат локални проблеми. Идеите на граѓаните ќе бидат разгледани од експертски тимови на ВМРО-ДПМНЕ, а најголемиот дел од нив ќе бидат вградени во програмата за општина Охрид, велат од партијата која ги очекува сугестиите на граѓаните.

Ohridnews