ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања традиционално ја започнува  од Охрид. Под мотото  “Македонија знае“ денеска во 21 часот на плоштадот Свети Климент Охридски ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг на кој ќе бидат претставени кандидататите за пратеници од коалицијата “За подобра Македонија“ и изборната програма “Преродба во 100 чекори – надградена и проширена“.

На митингот ќе се обрати лидерот на партијата, Никола Груевски, а предвидено е и да говорат претседателите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.ВМРО ДПМНЕ симболично почетокот на кампањата го означи ноќеска една минута по полноќ, а партиски активисти до доцна во ноќта лепеа плакати низ градот.