На дводневната конвенција што денеска продолжува во Скопје, 1257 делегати на ВМРО ДПМНЕ ќе го изберат кандидатот со кој партијата ќе настапи на претстојните претседателски избори.
Делегатите ќе избираат помеѓу универзитетскиот професор Ѓорѓи Иванов и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров кои се јавија на конкурсот што го објави ВМРО ДПМНЕ..
Одлуката кој ќе биде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ на претстојните претседателски избори се очекува да биде донесена во попладневните часови.