На конвенција што денеска и утре ќе се одржи во Скопје, ВМРО ДПМНЕ ќе го избере кандидатот со кој партијата ќе настапи на претстојните претседателски избори.

На конвенцијата 1.257 партиски делегати ќе избираат претседателски кандидат помеѓу Ѓорѓи Иванов и Тодор Петров кои се јавија на конкурсот објавен за таа намена.

Во рамки на конвенцијата ќе се одржат и повеќе конференции, а ќе биде прикажан и документарен филм посветен на ликот и делото на првиот македонски премиер Никола Кљусев.

Ohridnews