Има случај на мешање на институциите и партијата СДСМ во предизборната кампања во Охрид, обвинува ВМРО ДПМНЕ. 

– На фотографија  можеме да ги видиме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз во Охрид, Јован Стојаноски во придружба на Димитар Вервезовски, претседател на Општинската изборна комисија во Охрид. Значи замислете, човекот кој треба да гарантира фер избори, оди заедно во кампања и агитира за кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз и тоа во придружба со министерот за внатрешни што, по секоја логика, полицијата треба да биде непартиска, изјави на прес конференција вчера во Скопје Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ. Тој додаде СДСМ на ваков начин врши притисок врз граѓаните да гласаат за нејзините кандидати и побара одговорност и брза реакција од институциите во расветлувањето на случајот.

OhridNews