ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција вчера во Скопје  го обвини претседателот на државата дека ја злоупотребил функцијата со тоа што го помилувал охриѓанецот Александар Велјановски.

Портпаролот на партијата Александар Бичиклиски потенцира дека помилуваниот е  познат како организатор и учесник на бројни инциденти и насилства и дека претседателот на државата со ваквите негови постапки се става во одбрана на криминалот и насилството. Според Бичиклиски претседателот за својата одлука не добил позитивен одговор од Министерството за правда.

Ваквите тврдења ги отфрли Кабинетот на претседателот Црвенковски, кој во соопштение до јавноста информира дека Александар  Велјаноски е помилуван по препорака на Комисијата за помилување,

Претседателот Црвенковски врз основа на мислењето на Комисијата за помилување и извештајот од КПД-Струга за здравствената состојба на осуденикот, донесе одлука за ослободување на неиздржаниот дел на казната затвор. Станува збор за млад човек, студент, со нарушена здравствена состојба, поради што од страна на затворските власти секојдневно е на третман во медицинските установи во Охрид и Струга, се вели во соопштението.

Кабинетот смета дека Министерството за правда дава нецелосни информации, не ги презентира фактите за здравствената состојба на осуденикот и не ги зема предвид хуманите аспекти на решението.

Ohridnews