– Локалната власт во Охрид предводена од СДСМ кој е изгубен во својето тесно партиско слепило и очајниот рејтинг, покрај тоа што минатата година бессрамно го извалка одбележувањето на Свети Климент и доделувањето на Светиклиментовата награда, само затоа што е прогласен од страна на Владата за државен празник, сега најавува дека Охрид немало да се кандидира за Град на културата за 2011 година и тоа само затоа што конкурсот е распишан од Министерството за култура на Република Македонија. Само затоа што оваа Владата на ВМРО-ДПМНЕ на сите полиња на живеењето прави исчекор напред . Само затоа што СДСМ пропаѓа од завист. -се вели во реакцијата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Од оваа партија сметаат дека локалната власт предводена од СДСМ е неспособна да изготви квалитетен проект со кој ќе се натпреварува со другите општини, туку се задоволува со проекти од типот на „Духот на Охрид“ и слични натприродни и невидливи проекти. ВМРО ДПМНЕ советува градоначалникот да не води политички инает, а локалната самоуправа да поднесе кандидатура за Град на културата во 2011 година. Доколку за тоа им е потребна помош од ВМРО ДПМНЕ најавија дека се подготвени да ја понудат.