Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид  е задоволен што градоначалникот Александар Петрески ретерирал во ставовите по однос на организирање на новогодишна прослава во Охрид.

– Тоа ја покажува само тоталната дезориентираност на локалната власт и донесување на одлуки само од личен хир што е недозволливо во управувањето со Охрид. Но, од друга страна ги покажува конкретните и коректни политики и заложби кон Охрид кои ги има ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.-велат од ВМРО ДПМНЕ.

Петрески, вчера, на прес конференции изрази жалење од како што рече, грубите и навредливи напади што кон него ги упатува ВМРО ДПМНЕ, подвлекувајќи дека организиран дочек на Нова година ќе има и дека во ниту еден момент градот не размислувал да се откаже од традицијата, што ја востанови сегашниот градоначалник.

OhridNews