„Ваквите чувствителни прашања можат и мораат да се решаваат само по пат на отворен политички дијалог и тоа во институциите на системот. Не смее никој вакви сензитивни прашања да ги користи за други цели. Уверуваме дека институциите имаат капацитет да го решат ова чувствително прашање во корист на демократската иднина на оваа заедничка држава“, стои во соопштението.
Двете партии истакнуваат дека мултикултурниот карактер на општеството е важен столб на демократскиот амбиент и дека преку институционално дејствување нема да дозволат инцидентот да биде злоупотребен од политички партии и од поединци.