Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори што вчера се одржа во пет општини. По два градоначалнички мандати освоија коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, а во една општина победи независен кандидат.

Нов градоначалник на општината Студеничани е Фати Исени од ДУИ кој на вчерашните избори освоил 3479 гласа, а Исмет Тртовац од ПЕИ  2509 гласа.

Во општината Маврово – Ростуше, кандидатот на коалицијата на ВМРО ДОМНЕ Мукрем Мехмеди освоил 1999 гласови, а Исмет Ејупи од ДУИ – 1493 гласови.

Во општина Зелениково кандидатот на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Веле Груевски има освоено 1344 гласа, а независниот кандидат Борче Гиевски 1250 гласови.

Во општина Долнени Боше Милошески од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има освено 3651 гласа, а Абдула Бајрамоски од ДУИ 3818 гласа.

Во општината Чучер Сандево нов градоначалник стана независниот кандидат Јован Пејковски којосвоил 2290 гласови, наспроти неговиот противкандидат Воислав Киранџиќ од Радикалната странка на Србите во Македонија, кој освоил 1994 гласови.

Ohridnews