Само изминатите два дена граѓаните за ковид тестови во приватните клиники потрошиле 150.000 евра, а таа сума од почетокот на пандемијата е повеќе милиони, пари на граѓаните кои можеа и мораа да се употребат за подобрување на здравствиото, а не за полнење на џебовите и богатите, посочи во обраќање до јавноста Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.

Во изминативе два дена се направени вкупно 6.486 тестови, од кои дури 3.086 се направени во приватните клиники. Тоа се вкупно близу 9.258.000 денари или близу 150.000 евра, за два дена, дадени од граѓаните. Венко, свесен ли си дека за тестови граѓаните потрошиле над 8 милиони евра? Постои ли некоја црвена граница која не би ја поминал? Што можеше здравството да нарави со тие средства, колку инвестиции се еднакви на повторувам осум милиони евра? Колку амбулантни возила ќе се обезбедеа, и колку животи ќе беа спасени? Но, се сеќавам на изјавата во која Караџовски вели тоа е јавно и приватно здравство, политика и бизнис. Го сведовте здравјето на граѓаните на дневна политика и бизнис. – рече Митева.

Митева истакна дека причините за оставка на министерот за здравство секој ден се зголемуваат.

OhridNews