Готово е со штетната и погубна политика и стратегија на опозициската СДСМ, изјави Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДППМНЕ на прес конференцијата која уследи по објавувањето на новата таканаречена политичка „бомба“ на опосциската СДСМ. Тој истакна дека е очигледно оти ниту Заев, ниту неговата политичка партија нема што добро да и понуди на државата и на граѓани.

-Ниту еден креиран, сечен и монтиран материјал тоа не може да го промени. Вашата политика носи само штета на граѓаните, на сите, и на целата држава. Граѓаните го видоа тоа. Илјадници и илјадници излегоа на улиците на најголемиот политички собир во демократската историја на Македонија пред Собранието, за да ви покажат дека нема да дозволат вашето сценарио за дестабилизација да се реализира до крај. Готово е. Ќе мора да го прифатите тоа. – рече Димовски.

Тој додаде дека објавените аудио материјали, и покрај тоа што биле креирани и монтирани, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои работат за својата земја и за својот народ.

-Господине Заев, аеродромите кои ги изградивме, големите и малите хидроцентрали кои ги изградивме, странски инвеститори кои отвораат фабрики кај што се вработуваат луѓе од сите нации и вери, и реализацијата на над 2000 проекти се доказ дека сето она што вие го говорите и извртувате е неточно.
Благодариме што потсетувате на нашите проекти. Јасно е веќе и за најтврдокорниот поддржувач на СДСМ кој ги слуша овие креирани материјали, дека вашето сценарио за дестабилизација пропадна, дека немате никаков аргумент за наводен сторен криминал, и дека под ваше водство СДСМ се претвори во клуб на раскажувачи и оговарачи кој работи спротивно на интересите на државата. Затоа ја немате поддршката од граѓаните, што сигурно ви е јасно и од анкетите кои ги добивате во целиот овој период.“-изјави Димовски. 

OhridNews