Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, со свечен коктел денеска го промовираше новиот Центар за комуникации кој ќе биде ставен во функција на изборната кампања која започнува во недела. Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ се наоѓа на бул. Туристичка во кулата во непосредна близина на маркетот „Тинекс“. Партијата во овие простории ќе ги одржува прес конференциите и ќе информира за изборните активности во 5-та Изборна единица.
Отворен новиот центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ