Имате старо-нов градоначалник на Охрид. Мислам дека голема промена во она што беше досега, начинот на функционирање на општината, тоа што ни се случи во изминатите 4 години, нема да има, и тоа ќе биде, генерално, на штета на Охрид, изјави денеска на прес-конференција, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Охрид, Кирил Трендафилов-Нанче.

Трендафилов им се заблагодари и на граѓаните кои го дадоа гласот за него. Тоа е огромна обврска за мене. Ќе направам се, дел од програмите  и проектите што ги ветив да ги реализираме, повторно со помош на Владата зашто тоа се  прилично големи проекти во интерес на граѓаните на Охрид и на Република Македонија, иако знам дека ќе има опструкции од сегашниот градоначалник и локалната администрација која работи по теркот на едни минати времиња, рече Трендафилов и најави дека ќе прави напори, за сопствените проекти да привлече средства и од фондовите на Европската Унија.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за одлуките по нивните приговори рече дека нема одлуките на државните институции не треба да се коментираат туку да се почитуваат.

Од партиската говорница. Кирил Трендафилов – Нанче кажа дека продолжува да работи во приватниот сектор, а на новинарско прашање дали му ја честитал победата на Александар Петрески, рече дека нема коментар.

Ohridnews