Голема чест ми е и истовремено голема обврска што партијата ВМРО-ДПМНЕ ме избра мене . Ме чека голема работа и во предизборниотпериод и во периодоткога ќе ја освоиме градоначалничката функција во Охрид – рече денеска на пред-конференција, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.
„Изгубивме 4 години во кои многу малку беше направено од тоа што беше ветено, а јас не сакам да ветувам, туку да исполнувам“, додаде Нанче.
Кирил Трендафилов – Нанче
Тој ја изрази својата верба, дека општината може да функционира само со поддршка од централната власт, особено во делот на капиталните инвестиции.„Тоа, рече Нанче, ќе биде голем предизвик и за мене затоа што сакам од Охрид да направиме нешто што веќе долго време се очекува. Звучи амбициозно но кога ќе седнам на градоначалничката фотелја ќе ви докажам дека е остварливо“.
На денешната прес-конференција, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Стефановски изјави дека партијата е сигурна дека со кандидатурата на Кирил Трендафилов Нанче ќе победи на изборите и дека градоначалникот од ДПМНЕ ќе направи многу за Охрид.
ВМРО ДПМНЕ го претстави кандидатот за градоначалник на Охрид
На средбата со новинарите беше кажано дека ова е прес свикан заради претставување на кандидатот за градоначалник, со оглед на тоа што се уште не е почната политичката кампања.Советничката листа на оваа партија за Охрид се уште не е објавена, но ќе се знае најдоцна до 3 февруари на полноќ, кога истекува рокот за поднесување листи.