Општинските организации на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат да ја занимаваат јавноста со меѓусебни обвинувања.

Откако се согласија и поддржаа околу изградбата на споменикот на Св. Наум Охридски ,најголемите политички партии побрзаа да го расипат впечатокот со серија соопштенија и реакцции. Во ист стил продолжија и околу случувањата  поврзани со бродската несреќа. Но, кавгата на политичките ривали не застана тука. ВМРО ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ и градоначалникот Александар Петрески за узурпација на советот и гушење на демократијата. Според ВМРО ДПМНЕ тоа што се случувало на последната седница било скандалозно.

„Имено, неможејќи по силните притисоци  и манипулации да го промени ставот и гласањето на еден член на Советот од нивната коалиција, СДСМ направи невиден скандал и невиден напад врз демократијата во Охрид кога преку Градоначалникот му издаде наредба и закана на член на Совет избран од граѓаните на Охрид, да несмее да се појави при гласањето по одредена точка, за да не може да гласа по свое убедување!!!!“, се вели меѓу друготѕ во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Партијата смета дека случувањата на последната седница на градскиот совет во Охрид се одлика на тоталитрарни системи и најави дека за тоа ќе ја запознае пошироката јавност, но и државните и европските институции.

Ohridnews