Тој посочи дека Александар Петрески е висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз, и дека тоа е доказ како оваа партија мисли да се справи со последиците од Светската економска криза.
-Ова е недомаќинско и недоговорно трошење на средства од граѓаните, од страна на градоначалникот Петрески. Општината Охрид и досега располагаше со повеќе службени возила од висока класа, рече Бичиклиски.
Според поортпаролот на ВМРО ДПМНЕ недомаќинското работење е планот на експертите од Социјалдемократскиот сојуз за заштита на Република Македонија од штетните последици од светската економска криза.
– Неодговорното трошење на пари од граѓаните е веројатно уште една нова идеа од таканаречената програма на СДСМ за економски напредок на Република Македонија, изјави Бичиклиски, додавајќи дека односот на високите функционери на најголемата опозициска партија е лицемерен.