Изборната проиграма на ВМРО ДПМНЕ и кандидатите за пратеници во 5-та изборна единица од Охрид беа претставени на партиската конвенција што денеска се одржа во големата сала на Општина Охрид. Адутите на коаллицијата „За подобра Македонија“ ги претстави носителот на листата во Петтата изборна единица, Антонио Милошоски. Кампањата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избои е насловена како „Македонија знае преродбата продолжува“.


Инаку на кандидатската листа за пратеници се наоѓаат и четири имиња од Охрид. На третата позиција е Анита Кипаризова –  Крстеска, на четвртата Александар Николоски, на седмата Цветко Грозданов (сите пратеници во оставка) и на тринаесеттата позиција се наоѓа актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ д-р. Владо Стефаноски.