ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја објави листата за кадидати за советници со која ќе настапи на локалните избори на 22 март.
Носител на листата е Борис Стефановски, дипломиран машински инжнер. На второто место е Паско Кузман,археолог. На третото место е Каролина Буџакоска, диплмиран менаџер по царина и шпедиција, а на четвртото место е Кирил Пецаков, студент-апсолвент по стоматологија. Петти кандидат за советник на листата Дејан Пановски, дипломиран георграф, шеста е Јованка Дамоска, магистер по економски науки, седми е Александар Попоски, сообраќаен инженер, осми е Љубен Буџакоски, дипломиран машински инженер, деветта е Љубица Симеска – Мојсоска, дипломиран електроинженер, професор, десетти е Џемал Рахман туристички работник, а единаесетти на советничката листа е дипломираниот менаџер по царина и шпедиција, Марјан Ристески.
На советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ следуваат Живка Цветкоска-Андоноска, Горан Патчев, Владо Андоноски, Иванка Георгиевска, Николче Шишкоски, Борче Петкоски, Даниела Дојчиноска, Благоја Тодороски, Љупчо Танески, Катерина Булоска, Иво Ангелоски и Антонио Раткушиноски.
Претседателот на општинскиот комитет а ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата, Борис Стефановски, рече дека листата е правена врз одредени критериуми. „Застапени сите структури и професии и убеден сум дека со оваа листа идниот совет на локалната саммоуправа ќе ги задоволи барањата на граѓаните и ќе работи успешно“, рече Стефановски.
Ohridnews