Влатко Ѓорчев правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на  Извршен Комитет  на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давчева редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем и Филип Петровски Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија, се меѓу деветте имиња на кандидати за претседател на државата кои пристигнале до ВМРО ДПМНЕ.

Како што информираат од партијата, до комисијата за утврдување на кандидати за претседател доставени биле вкупно 10 кандидатури, од кои една по рокот за пријавување и затоа била отфрлена.

Останатите кандидати се Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика, Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Васко Костов, фармацевтски техничар, Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ  во Скопје, Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат и Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека на сите пријавени ќе им овозможи еднаков пристап до Општинските Комитети на партијата во период од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија.

Конечната одлука ќе бид едонесена на Конвенцијата што ќе се одржи на 16-ти февруари во Струга.

OhridNews