„ ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со немирите во средните училишта „Нико Нестор“ и „ Ибрахим Темо, туку напротив, ние се трудиме да влијаеме врз решавањето на ситуацијата“. Вака претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Славко Котески, ги отфрла обвинувањата искажани од страна на директорот на средното училиште „Ибрахим Темо“, Муса Мусаи.

Котески вели дека двојазичните смени  се единствен став на родителите и наставниците Македонци. „ Ние, додава тој, ги учиме децата да не прават тензии, да ја посетуваат наставата и да издржат во оваа ситуација“.

Според него, од почетокот на годинава досега, 18 ученици Македонци се отпишале од двете средни училишта.
Инаку, директорот Мусаи вчера изјави дека кризата во струшкиот средношколски центар е политичка, за што тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Ohridnews