Во услови на вонредна состојба и светска епидемија на коронавирусот власта наместо да се бави со зачувување на здравјето на граѓаните се бави со криминални тендери во четири очи, милионски провизии и класично профитерство, обвини денеска опозициската ВМРО ДПМНЕ. Партијата обвинува за сомнителни дејствија околу набавката на респираторни машини, за кои, како што стои во партиската реакција, во три дена ресорниот министер кажал три лаги.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден денар од буџетот да биде потрошен залудно или да заврши во џебовите на фунцкионери од власта. Во овие моменти секој денар е важен, македонската економија е пред колапс, илјадници луѓе на дневна основа остануваат на улица и без основниот приход. Потребни се итни мерки за финансиска поддршка на стопанството и граѓаните, а не крвави тендери за богатење на малкумина од врхушката на власта. – обвини ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ однесувањето на власта ни малку не влева доверба кај граѓаните дека имаат намера и се способни да се спасат со оваа досега невидена криза за Македонија, но и светот.

OhridNews