Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Советот на Општина Охрид не покажал никакви резултати од своето работење во текот изминатата една година од новиот мандат.

-Првата година на овој Совет ќе биде запамтена по едно големо ништо и по една голема безидејност  на  мнозинството во Советот . Ќе биде запомнета по редовното водење на седниците од страна на Претседателот на Советот надвор од  Деловникот за работа . Ќе биде запомнета по притисоците против советниците  и забраната тие дури и да влегуваат  во салата ако сакаат да гласаат бар еднаш поинаку . Ќе биде запаметена по укинувањето на Свети Климентовата награда како чин на најдолен однос кон сопствениот град од локалната власт. Ќе биде запомнета по скандалозно однесување на локалната власт со злоупотреба на општинскиот сајт за пишување навреди и клевети . Ќе биде запомнета по ниското ниво на комуникација , скандалозни изјави и во добрите и во најтешките мигови што ги имаше Охрид. –рече советникот Дејан Пановски, на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој објасни дека поради ваквото функционирање на Советот,  советничката група на ВМРО ДПМНЕ како опозиција , во оваа прва година не успеала да го даде опозициониот максимум . 

-Свесни дека додека  ова мнозинство е на власт во Охрид  е мнозинство за интереси, а не за доброто на Охрид, нашата енергија во втората година од мандатот ќе ја насочиме пред се кон директните средби со граѓаните од Урбаните и месните заедници во Општината.  Од тука ќе ги црпиме и иницијативите и решенијата на проблемите и ќе се обидеме да ги наметнеме пред Советот , како нова фаза во нашето делување.-нагласи Пановски.

Е.Е.