Освен во Скопје, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави нови протести со автомобили против поскапувањето на струјата и во Охрид и Прилеп. Протестите ќе се одржат на 13 октомври во 18 часот.
Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика. – стои во повикот за протест на ВМРО ДПМНЕ.
Протестот со автомобили на ВМРО ДПМНЕ против поскапувањето на струјата ќе започне од булеварот „Туристичка“ на влезот од градот, а ќе заврши кај каналот Студенчишта.
OhridNews