И по една година откако министерот за здравство Венко Филипче вети 24 часовно обезбедување и видео надзор во болниците нема ништо од тоа, а нападите врз лекарите стануваат секојдневие, обвинува ВМРО ДПМНЕ.
Венко Филипче ги излажа лекарите и медицинските работници. Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари и е загрозен нивниот живот. Нападите врз лекарите се почести од кога и да е порано, велат иод ВМРО ДПМНЕ.
Филипче на 18-ти септември минатата година на протест на лекарите и медицинските работници под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ на кој и самиот лицемерно присуствуваше вети дека ќе обезбеди физичко обезбедување на болниците и дека нема да дозволи нови лекарски жртви. Филипче излажа. Беше ветено 24 часовно обезбедување на болниците и видео надзор со цел да нема напад врз лекарите. Филипче ја злоупотреби довербата на лекарите. На протестот на лекарите Филипче вети и дека ќе го изедначи нападот врз лекар и медицинско лице со нападот врз службено лице, и ќе влезе во закон како најригорозно регулирано, за никој да не се осмели да нападне лекар. Тоа не е случи. Лекарите се жртви на напади и понатаму. – стои во партиската реакција.
ВМРО ДПМНЕ смета дека е време министерот за здравство Филипче да понесе одговорност.
OhridNews